Во разлабавениот простор Пелагија уште еднаш се доближува до Деспина, уште еднаш силно ја избакнува и прегрнува, истото го направи со Роса и Милка, Пела ја забележува во рацете на мајка Перса и со ишарет ги извлекува надвор, а потоа се предаваат на уличката што ги упатува на кај Бит-Пазар.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од нив, во оваа тивка вечер, исфркнаа звуци, се распрснаа во воздухот, се разбија од калдрмата и асфалтот на уличката и се оформи тажната арија на Виолета од операта „Травијата“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога дојде на горниот крај на уличката, замислено подзастана и се врати назад.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)