Другарот Колојаноски беше ти свирел на грнета, стар занает, а Метеорот нешто малку знаеше да трга на хармоника.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Едно време, како во нестварен живот, од меѓу луѓето се слушна свирење на хармоника - „Куќичка сред цвеќе, куќичка сред цвеќе...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Плачот на хармониката со многу копчиња од седеф ги растажуваше и им ја распалуваше крвта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)