на (предл.) - хоризонт (имн.)

Сонцето пламна на хоризонтот. Козите на Чанга беа готови да одат на пасење кон реката, кон ридовите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е смислата на хоризонтот, затоа тој е еднакво оддалечен од тебе и евентуално поширок.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На хоризонтот нема ништо, па мислата, иако одново сакаше да ја врати во минатото, му се заробува во депресивниот пејзаж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сиво е небото, сив е хоризонтот, сиво е на островот, сиво во градот, си помисли Карер и гласно изговари: „Насекаде проклето сивило”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Далеку на хоризонтот заиграа бели пали. Тој погледна околу себе: и низ гранките на врбите светли отсеви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нема повеќе да ги имаме овие проблеми со Неуронскиот Човек на Шанзо, кој се издига на хоризонтот како Последниот Човек на Ниче, со својата кортикална и синоптичка избледеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Берачките на хоризонтот стојат во дланките со многу знаци судни а под нив мртва сенката е моја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јаснотија ѕирка од зад синилото на хоризонтот. Јасни мисли, бистри, а на душа и намери чисти.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Широката сина линија лежи на хоризонтот, врз ридовите, планините и дрвјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Писокот не може да се измери ни со акустичен барометар, стрелката се скрши од насилничка напнатост, разнесена во ширината на хоризонтот, на линијата каде небото и земјата бакнежи со страст споделуваат..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во доцните попладневни часови, далеку некаде зад линијата на хоризонтот, Рада го гледаше невообичаеното преточување на денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги влечка Глигор нозете во мекиот песок и му се причинува: таму зад жолтунестите рабови на хоризонтот го очекува бистрото око на кладенецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаде далеку на хоризонтот, виден како во сон, лазеше утринскиот оган.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На хоризонтот проигруваше светлината на уште по некој факел, за потем наполно да се изгуби и надвладее светлината на ниските ѕвезди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова „дело” секако била прва употреба на еден реален предмет на платно: една кондура вметната во паното го покажува својот ѓон на гледачот, продолжува со насликана нога која се губи на хоризонтот и завршува со еден мал поштар гледан од грб, како трча по воз.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Стево Андреевиќ дебармаалец, сега на бел коњ, со развеана коса и копје во раката галопира кон своите перспективи на хоризонтот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И така утешен, го следев летот на белите галеби како се претопува во синиот хоризонт од каде што Х.Х. го гледаше неизбежното идење на непријателите. Им завидував на галебите на хоризонтот, јас заробениот албатрос...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)