Гринавеј, згора, го населува островот со неколку американски Индијанци, моделирани според илустрациите на цртачот и истражувачот John White од 16. век.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Гринавеј е писател- сценарист на сите свои дела. Долгометражните филмови: „Договорот на Цртачот“ (1982), „ЗОО“ (1985), „Стомакот на еден архитект“ (1987), „Давењето по броеви“ (1988), „Готвачот, крадецот и неговата љубовница“ (1990), „Книгите на Просперо“ 1992), „Бебето на Макон“ (1994), направени се со една доследна прецизност, со зачудувачка организација, бизарности и хумор.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)