И потта негова ми мириса на чај и здивот негов, сѐ. На чесен збор...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
* Небото сѐ уште мирисаше на терпентин. Утрото (како и сите утра) на бебешки сапун, на печено лепче и на чај од камилица.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Миризбата на чајот ни ги отвора ноздрите, ни ги крева носовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зашто, секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како да го почувствува тешкиот поглед на Глигор, тој додаде: - Повелете на чај!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас се насмеав, тие се поздравија со мене и си заминаа прегрнати, а јас порачав наместо кафе, нане со ким. Како да чекам некого на чај за двајца.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)