Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)