О, тоа благословено стребло на јаболка со жолто лисје на гранките и окружено со цветови од градината на Јуда – уште ме чека!
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ги гледав јаболката, го пулев и јаболкарот: вистинољубив, секогаш гордо исправен иако со многу горчина на плеќи - колку гризнувања на јаболката толку горчини на плеќи, колку горчини на плеќи толку поблаги јаболка и троа повеќе препознавања на стари и нови преправања.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
После разбрав: Алма Ата значело татко или татковина на јаболката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие паднаа во молк во кој можеа да си ја слушнат мислата, единствената мисла што им ја гризеше совеста исто како што црвот ја гризе срцевината на јаболкото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
10. Споменикот во Ресен во форма на јаболко галиба за’рѓал, ко скапано.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
И само што помисли да стане и да провери да не се случува нешто од источната страна на плевната, онде, меѓу црните стебла на јаболката како да забележа движење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)