Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И затоа од секоја страница на својата книга за Мојсеј, брат ми како да крикнува: „Ни тој ниту пак јас сме Евреи; јас сум, како и тој, самороден водач и пророк!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но инженерот Андре Декостер, и покрај сѐ, остана на ветеното: во Рерублика Македонија допатува предвидениот конвој од сто расни кози!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)