Зошто,инаку, еден градежен техничар би имал дома собрани дела на Гете, и тоа не на видно место (како што би можело да се очекува).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Своерачно, со стрпливост на виден мајстор потонат во уживање, забуцал по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Значи, авторот и на едниот и на другиот текст бил истиот, учителот Димитрија Боте, со тоа што е очигледно дека првин ги правел записите, а потоа дел од нив објавил во „Цариградски весник“ во форма на допис под рубриката „Портрети на видни спомагатели на народната култура“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А и со попот нешто се случувало: со млака 'рѓовита вода од преварен вртипоп си ги исплакнувал до вчера крвавите непца и учел нови молитви оставени во книга од некој покоен Јоаким Крчовски или од некој народен учител со слично име што и калем на овошка признава и длабочина на ораница советува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седнав среде миндерот, место што по обичај се препушташе на виден гост.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Првин османските султани, кога стапувале на престолот, но и во други пригоди, им давале добар бакшиш на воените лица (јаничарите, спахиите...), улемите и на видни чиновници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Па, - велеше, - гледате дека воденицата ми е на видно место и сакам да ми биде на уште повидно.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)