на (предл.) - долг (прид.)

Легна зимата над Рајчани. Мештаните јадеа сушени овошки, сушен зеленчук на летното македонско сонце на долги дрвени даски.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Прави свој календар од писоци. Писнува, смета полугласно некогашниот прв рабин, на 15-ти март, па на 17-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми; потем се априлските згуснати писоци: од 3-ти, 5-ти, 7-ми, 10-ти, 13-ти, 16-ти, 20-ти, 22-ри, 28-ми април.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гронинг: Се јавив на огласот во Л. А. Тајмс кој што гласеше: „Се бара писател/ шофер”, требаше да возам 88 годишен пензиониран - Б продукција - режисер низ градот, а во вечерните часови да бидам последен на долгиот лист на писатели кои работеа на неговата автобиографија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Е, до кај бевме со муабетот, чорбаџи Јован? — праша Адем наместувајќи ја запалената цигара на долгиот чибук со скапоцен килибар на крајот, којшто Катето веднаш го донесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред колибата, на долгиот трупец што служеше како клупа, седеа гостите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Остворување на целта зар може да е само Изодување на долгиот пат на копнежот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А сега, забележувам, веќе се наоѓаме при крајот на долгиот ходник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чекориме речиси рамо до рамо со спроводникот кого за прв пат го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На долги и кратки патеки има да биде збркано, неодредено и чудесно. Robert Storr е креатор на современи ликовни дела и скулптури во Музејот за модерна уметност. Jir`i [ev~ik i Jana [ev~ikova
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нишајќи се на долгите нозе, влезе во куќата на Димка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Пишувај“ рече и тргна да се повлекува во темнината на долгиот тесен ходник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој, пак, секогаш стоеше до Ружди и внимателно набљудуваше како сечилото се лизга нагоре-надолу додека тој со елегантни движења на долгите прсти го вртеше по малку од едната и од другата страна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе појдам, ќе му помогнам да го најде светото грутче во кожа. Гревота е да пека по патов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред некој нешто да каже, слушнавме како со ситни чекори го прегазува потокот, потоа темницата ги поклопи и неговите квичавошмркави болки и нејасната белина на долгите гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луков стои до прозорецот и гледа во капките дожд што личат на долго и заборавено плачење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Енергијата која ја испуштаа овие зборови создаваше чувство на брзопотезен оргазам, после кој следеше период на долг, посткоитален мир.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На долгите службени патувања најчесто седеше на совозачкото седиште.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите тие допири беа само предвесници, предигра на долгиот бакнеж што следеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На долгото ѕвонење во Куманово во куќата на Никодин никој не се јавуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По белузлавите влакна на долгите степкани бради потсветнуваат краткотрајни искри.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Годините поминати во автобус на долгите патувања и чекањето на границите ме истренирале, трпението ми е на ниво 11 од можни 10.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа значи дека тој самиот си ги снабдуваше своите стада овци со дрва, вода и прехранбени продукти, производи на неговиот личен труд, наместо да најмува посебен „наемник“ за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу од нив, слободно претставени со еден стар, боемски и изумрен јазик, сѐ капетани на долгите ноќни пловидби - морето спие, коработ се тетерави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никој не можеше да поверува дека ова навидум банално прашање за османскотурскиот јазик на баба Хазбије во семејството што го одгледа и подигна, со текот на годините нема да престане да нѐ следи во текот на долгите години во туѓина, Татко посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас никому не сум му донел добро досега.“ Се заврте и појде со наведната глава, ја остави со солзи во очите и сигурен дека поаѓа на долга пловидба, иди, девојко, вљубените не се никогаш себични. Тие се само жртви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали со варијантата на долгиот притаен шовинизам ги толкувате меѓусебниве провали на национализам кај нас?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Војната е начин да се разнесат на парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се потопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу комфор и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото самоуверено знаење беше мачно за поднесување, а сепак дразнеше и повикуваше на долг пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Симон висок, танок, исправен на долгите нозе, а Борко понизок, во костум, со потемна коса и енергично лице.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сигурно сега соновите им беа споени и во нив заедно ги следеа јагулите на долгиот пат, пред денот што се вестеше со новите неизвесности.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мигот на јарката убавина во твоите очи е толку силен што не мислам на долгата темница што ќе го замени.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Сѐ ќе биде в ред“, си рекол себеси, неуверливо, додека замавнувал со крилјата на долгиот пат под утринските ѕвезди, над дремливите селски брегови осветлени од месечината, зад градот Мелин.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тесно се припиваше како ракавица на долга, кревка шепа, и мирисаше на студеникав, свеж воздух, метал и вселена. Мирисаше и на оган и на време.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потем настапува ерата на долгото молчење обоено со жолт контраст вбризган во крвта.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во овие мигови песната сите нив ги враќа дома, на вигната, на лозје, на пресно косена ливада, в градина и бавча, на долга седенка, на шедба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Истиот зеленикав руски џип, го видов од прозорците на долгиот коридор од хотелот во Влора, кога во долгата, пеколна ноќ, исцрпен од жед одев во собата на директорот на театарот да ги испијам потребните резерви вода за наредното патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)