Тие денови, средината на септември, кога Методија веќе разбрал што се случило, дека Симон е уапсен и зошто е уапсен, подработувајќи на гробот на Борко на завршните работи, како што велеше тој, го пројала мислата за она што го открил Симон и тргнал да го види со очи самото место спроти долнечките гробишта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Камилски на ова ја искажуваше својата резерва тврдејќи дека кога се говори за наследство, тоа асоцира на завршен процес, на нешто статично.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води. Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така и Баге, при сè што прилежно се подготвуваше, сè се решаваше ама никако не се реши да се појави на завршниот испит.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)