- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И Онисифор Мечкојад му помогнал на замелушеното животно докрај да легне на една страна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Запалете оган, заповедал грубо. - Поскоро. Што е, чекате ли прворотка да ве подои?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)