1 ... И така се налути Онисифор Мечкојад и ја остави дружината под сенката на манастирот а ние што останавме седнавме околу огновите да печеме парчиња месо од закланото добиче на кутриот Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
(Старецот Лозан Перуника му раскажува во 1913 година на некој писмен калуѓер или поп Доситеј Давидовски што се случило еднаш, тогаш.)
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Имаше еден за четирите косови, еден друг за кравата со искривен рог и еден за смртта на кутриот петел Робин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Семејството на кутриот козар останало со шеснаесет рани во душите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дико се направи скромен и добродушен: - Мене ништо не ми должиш, - му рече тој на кутриот вчудоневиден Бошка. – Јас не те послушав тебе, туку срцето си го послушав. Ете.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки нека ги истажат барем.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
На кутриот крал му е оставена илузијата дека владее и дозволено му е, сосе круната, достоинствено да се тетерави поле по поле.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)