Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Поуката која од ова можеме да ја извлечеме е дека за политиката за спречување на наркоманијата може да се размислува и на поинаков начин, поконструктивно, така што би се спроведувала паралелно со борбата против причините за наркоманија. Расправата за легализација е погрешна бидејќи го одвраќа вниманието од ваквиот пристап.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од слични причини побарувачката на јаки дроги не е доволно голема за да привлекува голем број на трговци со дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Затоа и се плашев од она што може да дојде. Се плашев, помислив, дека во блиска иднина, објаснувањата ќе треба да ги стокмам на поинаков начин.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Што било и каде е она што го покрила водата? Тоа живее, само на поинаков начин.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)