Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие се овековечија во латинската поговорка, но останаа и како жестока метафора, да потсетуваат на правото на посилниот над послабиот. Картагина треба да биде уништена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)