Тропаат на тврдиот планински камен коњските копита, шушкаат опинците и босите стапала на жените, кои загледани во разофканите ранети, се сопнуваат од издадените корења и камења.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стомакот – Нијагара казанче клозетско. Мека столица на тврда шолјица – трошам ролна на час. (Колку ли трошам за една година?) Гласот извикан, нетелефонски, само за позади микрофон – непредушен.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сум пиел, воздивна со мртва смеа на тврдите усни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пуштената рака со бели прсти мртво падна на тврдата земја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Водичот се обрна: - Секако! – одговори безбојно, сепак нестигајќи да го сокрие победоносниот потсмев на тврдото лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откако се уверил дека луѓето и воловите не може да бидат видени од ниедна точка на патот, Онисифор Проказник нашол засолниште од кое сета околина му била пред очи како отворена дланка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На портата се појави мажот на Ребека во извалкана офицерска униформа со капетански чин на тврдите еполети, а веднаш по него, со бел мантил и торба во рацете, и таа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа играла на тврдите технологии, претерала во сите димензии, се обложила и на небото и на пеколот...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вистинското знаење е дека на тврда земја не никнува ништо, таа ги нема потребните сокови, на неа не опстануваат растенијата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)