Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во сонот успаното Езеро е со лице на дете! но штом пред волшепствата на муграта насмевот ќе му се назбере се престорува старец: дедо или прадедо на вечно младите води. …
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во водурникавите очи на оној Адам Лесновец тивко живеела болест на вечно настинат човек - гледаш во него и не дишеш со мачен страв исчекувајќи да се распрсне и да остави на своето место жолта лочка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)