Го гледам високото сонце, застанато токму над ковчегот на мајка ми која се труска во колата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стоев над ковчегот не осмелувајќи се да го отворам и да се осиромашам со мнгогуте претпоставки што ќе ме следат со години.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)