Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)