Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)