Седи на клупата и гледа во некоја жена што седи на клупата подалеку од него накај паркот; да е жената поблизу, можеби од страм ќе го отргне погледот од неа и нема вака почесто и подолго да ја гледа, да го држи погледот вперен во неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И отшета преку плоштадот, со долг чекор и раширени лакти, додека шарената кошула му се мавташе над панталоните, како да почнал да се раскомотува пред да навлезе во мракот накај паркот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)