Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
За неговата врска со Роза не ќе дознаев речиси ништо ако не го поведовме оној разговор што го поттикнаа една далечна вечер двете девојки седнати наспроти нас.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)