Распространето е верувањето дека Бети Дејвис била големата садистка на платното, исто како што Џоан Крафорд била големата мазохистка на платното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и да не е Дејвис нужно садист во голем број од нејзините улоги на платното, нејзините ликови честопати недвосмислено уживаат во победоносноста, во расфрлањето со моќ и со авторитет, во пркосот против општествените конвенции и во терањето по свое дури и, па и особено, по цена на туѓото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Навистина, во само две страници од самиот вовед, читаме дека тие не можат да научат нешто што не е внесено во нив, тие не можат да предвидуваат, не можат да претпоставуваат, тие само ги споредуваат облиците еден со друг, им недостасува осет за „опозитивни можности” и тие никогаш не можат да разберат дека две коли паркирани една наспроти друга всушност се спротивни. Rychlack не може да даде аргументи или фактички докази во поддршка на ниту една од своите изјави, од кои повеќето се или логички неточни или емпириски погрешни. okno.mk | Margina #3 [1994] 87 На што всушност се слични компјутерите?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стоеја еден наспроти друг, секој како пред огледало, исти - танконосести, бели, со ретки, ниско паднати веѓи, накалемени еден на друг со гранчиња на мудрост, величествени како нов мит.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стоеја еден наспроти друг и се расправаа а до Отец Симеон допираа крти слогови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие двајца не смеат никогаш да застанат еден наспроти друг. „Јано, зошто бог јаде лубеници?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се најдовме двајцата еден наспроти друг среде зелената мисла.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Седевме така еден наспроти друг, а во воздухот лебдеше страшната вест, тој збор што предизвикува таков страв и ужас кај луѓето - РАК.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
За да се разбере “реалната” природа на нештата мора да се направи многу поголем напор за да се открие она што лежи “зад” појавата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сѐ и секој што помина низ Фектори беше едноставно дополнување на Ворхоловиот леден кристал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа заслужи процент од вкупниот доход за книгата што Енди едноставно одби да го земе предвид.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите Бојсови дела можат да се протолкуваат како обид за враќање и повторно прикажување на почетокот на редот со цел да се избегне длабоката болка која човекот го доближува до смрта.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Камењата и дрвјата стојат едни наспроти други како кристалното саќе и течниот мед. (Камењата покрај тоа ги претставуваат и скалите на кои Бојс бил ранет за време на Втората светска војна.) И тука главната тема е преминот на метаморфозата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во Бојсовата еколошка скулптура направена 1982 г. за Касел, тврди, неподвижни, мртви камења лежат стркалани на земјата, а живи дрва се посадени во земјата за да ги надоместат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, од друга страна, како да се бориме за тоа а да не ги жртвуваме најистозвучното можно со-обраќање, преведувањето, информациите, демократската расправа и законот на повеќе гласови?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Му се допаѓаше идејата своите соработници да ги поставува едни наспроти други...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со оглед на тоа дека настанот во секој случај е единствен, во мерка на својата разлика наспроти другиот, секојпат одново треба да се измислува, и тоа не без стојалиште, туку секојпат надминувајќи го, без било каква сигурност и извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа интуиција се појавува исто така и кај Дерида кој, на пример, во За граматологијата и Пишување и разлика покажува како еден попрониклив поглед зад текстовите на Сосир, Русо, Фројд или Декарт открива дека тие се потопени во дихотомии, во кои едниот термин традиционално е претпочитан наспроти другиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според него, исто така, потребно е преземање на посебен напор за да се изложи реалноста, и специјален тренинг во методолошките суптилности пред да може некој да ја согледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(Борис и Матеј стојат еден наспроти друг. Матеј е со затворени очи.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)