Првото што го рече, кога ја постивна возбуденоста во градите, тоа беа зборовите што ѝ ги промрмори низ заби на жена си: - А ти пак... роднините...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Процеди низ заби: - Бугарска. Така и мислев.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Сува е, барут“, ми вели Сотир, „не е за употреба“, и прцна низ заби гласно малку плунка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беше на растојание, од кое можеше да слушне што зборуваат тие, кога Даниел низ заби пропелтечи, „Слушај, мудрецу, ако истресеш уште една глупост, ќе те мавнам со тулава.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Па реши да ѝ биде покорен, мед и млеко да му минат низ заби, како потоци. Може тоа ќе ја смилостиви.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кузман свирна низ заби и легна на земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој свирна низ забите и се заврте кон мене со широко исклештено лице.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Кој сум јас? Ти се шегуваш, не јас, - се поднасмеа момчето и плукна низ заби.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Постојат и други моменти - процеди низ забите Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А сега има секакви работи. Дезодоранси, парфеми. Можеш да си ставаш за да не мирисаш.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Само го видов Миле како се наведна над мене и ми се изнасмеа со дупката низ забите, дури и ме потшутна со нога по половината, ама ништо не почувствував.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
– На Чанга му ги оставивте? – Да ,на Чанга ? – одговори тивко мајка ми. – На Чанга, на Чанга... сите му ги дале козите на тој проклет прч Чанга... – процеди низ заби нервозно шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)