Поодуваме вака, покрај штиците, и ѕиркаме низ дупките, низ процепите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Притворајќи ја портата татко ѝ и мајка ѝ, и се разбира и јас зад нив, низ процепот гледавме како се оддалечуват, чекорејќи еден покрај друг, на пристојно растојание.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Види ги – решив дека е време јас да се јавам – гугувкаат како гулапчиња.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)