Па и сега, еве, овде во собава во Маказар, во С. исто така, како и на мноштвото патувања низ светот, во разни земји и градови, низ сите години, стоеја и стојат раскинати кутии од бишкоти, разни наполитанки, чоколадирани и нечоколадирани, за да се најде, конечно, онаа запаметена, некупена и неизедена бишкота.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајка ми не можеше да поверува дека генот на Скендерови е толку доминантен, каде и да се размножуваат низ светот. Едноставно, непокорлив!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но јас за својот идентитет не признавам ништо, освен дека Христ ми порачал да талкам низ светот до неговото враќање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Многубројни публикации, списанија, каталози, книги и фанзини кружат низ светот по каналите на поштенскиот сообраќај.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кон ова треба да се додаде и активноста на јапонската авангардна група Гутаи која уште 1955. низ светот почна да ја дистрибуира својата истоимена публикација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Смрт со заборав, било во масовните гробници, било во медиумската мелница на нови и нови омасовени насилија, за кои нема, ниту кога и да било ќе има музеи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нови насилија низ светот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вистинската привлечност на игрите со зборови, според Жан Пол, е „зачуденоста над случајот што се движи Fabrizio Clerici-Римски сон низ светот играјќи се со звуците и деловите на светот“, и „слободата на духот што сјае од нив, и во состојба е погледот од нештата да ги сврти кон нивните знаци“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Или обратно, не е толку важно.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Поголемиот дел од преостанатите години на својот живот таа ќе го мине пишувајќи написи и книги за своите патувања низ светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таму таа ќе стане важна фигура во промоцијата на Модерната уметност, помагајќи при организацијата на Првото Биенале, 1951, во Сао Паоло.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тие, пак, нека разгласат низ светот за тоа: колку се гледа невидливото, колку се слуша нечујното, како се вкусува болката без да и дозволиш да те повреди.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Старицата се насмевна слатко Немој кралу, ти ќе станеш татко Твојата кралица дете ќе ти роди Принцот на бел коњ низ светот ќе оди.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Солзи во ноќта, солзи небото...и месечината молкнува во мракот... со сета своја жар ги испраќа светлосните прсти да минат, по твоето чело, ѕвездите битка водат во танцот, од палавштините што го убиваат чувството на заморен патник... низ светот, преморен од талкање по вистината...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Минатото ко стар кофер отфрлен, од печалбар што долго патува низ светот со хипокритичен поглед, кој ја заобиколува вистината, за тагата што се свила во градите, за блиските чиј лик го заборавил...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мајките уште од раното ќе ги постелеа рогузините, ќе ги навечераа децата и ќе ги полегнеа еднододруго, а тие, дечиштата, до грло покриени со ложниците, до долго во ноќта не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нивниот ридски спокој, во пролет, кога се обрастени со ниска и сочна трева, од памтивек па сè до крајот на последната Голема војна, и некоја година потоа, (пред што луѓето беа натерани во колективи, и пред што, потоа, откако властите ги растурија колективите, емиграцијата ги изгони по градовите и низ светот), го нарушува мноштво стада.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Морам да испратам низ светот безброј еретички текстови коишто сите понижени и навредени ќе ги повикаат на побуна... Долу со насилството!
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од сликарите, времето најмногу го потврди Макс Бекман (којшто токму во изминатата и оваа година имаше неколку бележити ретроспективни изложби низ светот), но тука е и незаобиколното историско значење на уметничките групи „Мост”, „Синиот јавач” и „Нова сецесија”, кои околу себе обединуваа мнозина важни сликари (Нолде, Кирхнер, Кандински, Кле, Грос, Дикс...).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Селаните во колата љубопитно ги држеа очите на него и го прашуваа: - Каде ги помина толкуте години, Илко? - Секаде низ светот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Пробај побарај нѐ низ светот, прочепкај низ книги, учебници, документарни филмови, телевизиски програми, актуелни вести, меѓународни институции, интернет-страници, стриптиз-перформанси - ќе видиш дека никаде не фигурираме.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле
мисли на времињата кога сме се шетале
како месечари низ светот на копнежите
кога душите сме си ги испраќале видовити
над некое непознато море да се љубат
ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите
– сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тоа време, во седумдесеттите, со ју-пасошот лесно патувавме низ светот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Можеби некој подрзок наскоро ќе рече дека најдобрите уметнички дела кон крајот на дваесетиов век се производи каде што е видлив спојот меѓу убавината, имагинацијата и врвната технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Подоцна прашањето за примереност одново ќе се постави во врска со положбата на Сократ кој удобно седи и пишува додека Платон седи заканувајќи се со прстот, во текстот La carte postale (Разгледница).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Промената не се случи во еден ден, месец, туку исцело во скриениот моќен бран што се сосредоточи во перчето на своето очитување разлевајќи се во мај 68- та, во Франција и низ светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Денес низ светот постојат клубови на љубители на Swatch часовници, коишто плаќаат огромни суми пари за моделите од сите серии на овој фасцинантен швајцарски производ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дизајнот на Swatch часовниците со весели шарени бои може да биде предмет за дисертација на историчарите на уметноста со рафиниран вкус и со чувство за нови вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Патувањата низ светот не го интересираа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Види Edward S. Cohen, “Globalization and the Boundaries of the State: A Framework for Analyzing the Chang- ing Practice of Sovereignty,”Governance, Vol. 14, No. 1 (January 2001): 81. 40 ограничуваа движењето на луѓето, стоките, капиталот и идеите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сепак, истовремено, насекаде низ светот се сретнуваме со бројни примери на меѓународни граници кои стануваат сè поцврсти и понепробојни.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
И јас започнав, повеќе несвесно да се однесувам во преписката со неа како со авторитет кој го заменуваше татко ми. & испраќав објавувани критики низ светот за моите книги, свои записи од весниците, сето тоа го правев само за да ја имам што повеќе крај себе, таа непозната, непристапна читателка Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во нив најдов и неколку мои слични размисли, но посебно бев задоволна дека открив и нови гледања за вашето дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во седумдесеттите, Др. Споук-МекЛуан-епидемијата се прошири низ западна Европа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Знаците на овој тип на освестување секогаш се исти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Не можеш никаде низ светот да отпатуваш, - се пожали чичко Нино, кого го нарекуваат „Расипаниот“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога ќе дојде денот, и ти ќе одиш на некое интересно патување низ светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ова се Цигани- чергари, тие што шетаат низ светот, немаат ни татковина, ни дом, и крадат деца, па потоа ги продаваат во Италија, а таму, газдите што ќе ги купат ги малтретираат, ги осакатуваат и ги тераат да питаат по улиците – објасни Снеже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А, тој ден никако да дојде!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Пак ти и твоите весници, нели!? – ја прекори Марија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)