Коњи, коњи на небото, не знаатза почин, не паметат умор, беспокој, трк по трк, беспомин, низ беспаќе, низ соништа го бараат нашето заминување, нашето запирање, онаа заборавена надеж и туѓата вера, изгубената љубов од времето украдена.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Ништо и - никого На сонот ништо и никого и некаде пред зори, само, гласот на мајка ми која одново ме поучува - ќе боли, ужасно ќе боли тоа, но ти слушај ја мајка: секогаш боли мртвото кога оживува тоа мајка убаво го знае.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И низ сонот ништо друго и - никого...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Што се случува докторе? - Рада како низ сон го слушаше гласот на Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Под неговиот темел водата зашлапка. негде далеку, како капнати пеперуги, тихо, низ сон, умираа звуци на гитара.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сето тоа мене ко низ сон ми се кажува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како низ сон слушна дека некој тропа на вратата...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како низ сон се сеќаваше за единствената средба со неа, кога беше многу мал.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Барем ми наговести дека можеби сонувам, дека низ сонот се исповедам!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа се провлекува низ сонот – ту риба, ту бреза, ту жена, ту татко.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега патуваше низ сонот. Кој знае по кои патеки и кон каква цел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А од моите очи сонот бегаше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Чекорите на водата по песокта- моите чекори низ сонот на животот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А чекорите на водата по песокта мои чекори низ сонот на животот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
8. Кога немаш друга работа и сонуваш многу Многу та премногу преку сите мерки Тогаш многу и патуваш низ соништата И скокаш по континентите како јојо Скокаш и си се куражиш да скокаш уште повеќе Запознај ги континентите за да ги сакаш повеќе Колку повеќе континенти знаеш повеќе вредиш И такви ми ти запршки од ветви пароли
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога се пее и се сонува на плоштадите во Картагена де Индиас, џабе ти песната, ако не знаеш да сонуваш, сонуваш - низ сонот полесно се разбира јавето на расно измешаните страдања, а некако полесно е и протирањето низ проѕирноста на делникот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)