Бев убеден дека нè охрабрува, мајка ми и мене, а тој си патуваше на детскиот воз од бајките, низ бескрајниот предел на големите случувања.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Низ целиот свет, во Лондон и во Њујорк, во Африка и во Бразил, во таинствените забранети територии зад границите, на улиците на Париз и на Берлин, по селата низ бескрајните руски степи, по базарите низ Кина и Јапонија - насекаде стоеше истата оваа цврста непобедлива фигура, изобличена од работа и раѓање, аргатувајќи од раѓање до смрт и сепак пеејќи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знае само дека по тој миг или таа вечност пред него пукна бескраен тунел, набиен со мрачен мрак низ кој заморно и со напор се пробиваше неговиот поглед додека најпосле, низ бескрајната далечина, не здогледа на другиот крај на тунелот блесок на бела светлина кон која стрмоглаво полета.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој нестрпливо, упорно трубеше: низ бескрајниот, недофатлив простор полн магла неговата сирена го испраќаше својот повик, бараше одговор, очекуваше некој да ѝ се одзве.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)