Реакцијата на лидерите и главните популаризатори на grunge-от (на оваа енормна, за многу од нив изненадувачка популарност) беше различна. Nirvana i Pearl Jam останаа при врвот; првите заминувајќи во екстрем, обидувајќи се да се надминат самите себеси во брзината и буката низ фуриозниот “In Utero” албум, а другите со млитавото компилирање на своето прво издание “Ten”, чија што порастегната и поздодевна варијанта е преименувана во “Vs.”.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)