од (предл.) - неколку (зам.)

Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ханка со својата ќерка Азра живееше во една од неколкуте трошни куќи начичкани една во друга како печурки меѓу хангарите во индустрискиот дел од градот, на десната страна од населбата Автокоманда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од неколкуте збора што можат да се извадат од целиот запис на Нико Кочо и од преданијата за убиството, може да се реконструира дека тоа се случило на петти септември 1877, приквечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ја извадив онаа негова фотографија што му беше останата од неколкуте што ги имаше направено за пасош, а не му се допаѓаа, оти не бил убаво излезен на нив, па ги имаше скриено во фиоката, никој да не му ги види, ја извадив од фиока и ја ставив пред себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што убав брат имам, го гледав и си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Виделината беше мека и испресечена од неколкуте вкрстосани жици околу пламенчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Домците почнаа да се туркаат околу високото, неубаво дете, Методија Гришкоски, едно момче од управата, потсилен од неколкуте свои другари, се дрзна да го бутне одзади, бараше кавга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)