Јас сепак го замислував вториот помошник како од нашата кола во нивниот шлепер ги префрла: прво кошницата со риби и месо, па кошницата со грозје и резервната гума од багажникот; а од колата моето конфекциско костумче за капење на коктелите и туткање на промоциите, обесено на закачалка за да се исправи за вечерниот прием, службениот магнетофон на Живко од Институтот за фолклор и монтираното радио на мерцедесот, кое за разлика од моторот, веќе не работеше (и покрај тоа што во Радио велев: „радио - не радио, свира ти радио”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Без збор со показалецот покажав на двата куфери што беа извадени од багажникот и му давам знак дека треба да ги врати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)