Кротко ја зеде не тргајќи го погледот од братучедите, како змија пред погодок.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Не тргајќи го погледот од братучедите, овој му рече пак на Миладина: - Ајде, Миладине, извади му ја од појасот онаа матарка на оној што личи на вол.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Од братучедот ми се познанијата“, вели војводата и покажува кон дедо ти.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)