од (предл.) - буџет (имн.)

Таа е независна во своето работење и во донесувањето на одлуките во рамките на надлежностите определени со овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислам дека Владата би можела да заштеди многу од Буџетот доколку на невработените би им исплатила и 5 пати помала сума од онаа за увоз, односно 200 евра, колку што изнесува просечната македонската плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Покрај ова право на реизбор, тие имаат и право на плата, придонеси и надоместоци од плата согласно со закон и со колективен договор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„За покривање покривот на манастирот Света Богородица издадени 50 дукати царски или 1400 грошеви порески од буџетот за вонредни потреби.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во Австрија се фаворизираат само државните институции (30% од буџетот се насочува во вонинституционалните организации).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Средствата за работа на оваа т.н. „Антимонополска комисија“ се обезбедуваат од Буџетот на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Средствата за оваа намена се обезбедуваат од Буџетот на РМ, што значи дека тие имаат третман на државни службеници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во 10 000 предвидени проекти, дај и еден за кој нема потреба од буџет - само пепелници за по маси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)