Клокотеше селото од веселба. „Господ да те поживи, бре Лоте, што ти текна да донесеш циркус во селово?” му велеа луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таа го погледнува: „О, колку си убава, о колку заносна, љубена моја со твојата убавина”19.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува... И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Луѓето избезумени од веселба, од радост, ги отпетлуваа панталоните и му викаа на господа: „На, господе, на!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)