Понекогаш ја облакаше облеката од татко му, ставаше вратоврска, паларија, ставаше мустаќи од волна, ставаше луле в уста, ја ставаше сабјата и шлемот што ги донесе татко му кога се врати од фронт и застануваше пред огледалото и се огледуваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа веќе правеше распределба на нејзината волна, која требаше на Ѓурѓовден да се настрижи од пет шест стотини глави овци и нарочно ќе ја посети Доста, да може да разбере колку ќе треба да задржи од волната.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На сламениот душек со некои тешко пронајдени, некакви си тенки покривки, изработени од волна, лежеа кротко, тие двајца среќници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Клопчето од волна одмотано, нитките одвоени, разделени, подготвени за ново заплетување, ново плетиво, миленцето „Изгубен пат“ прооде, скршна во ново сокаче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)