од (предл.) - врбјак (имн.)

Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, да сум жена, да го колнам: да би не се разбудил! Да би нога искршил!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Излегува од врбјакот и гледа по Томче со блага потсмевка.) Сиромав чорбаџи Томче, изгоре за Стојанка како биволче за водичка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чорбаџи Теодос-цигански кум! (Се смее).
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: {Излегува од врбјакот, гледа на Цигапше и се смее со израз на симпатија.) Ех, овој Циганин, муштерија мој, баш заслужил да му се чуе молитвата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Што, што ти се сторило, чорбаџи Теодосе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Излегувајќи од врбјакот со кутијата в рака.) Еве ме, одвај ја најдов кутијава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)