од (предл.) - евиденција (имн.)

- 2012 (Закон за евиденциите од областа на трудот) - се зголемија начините за бришење на невработени лица од евиденција
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, во 2004 година е предвидено дека ќе дојде до бришење од евиденцијата на невработените лица и во случајот кога одредено невработено лице ќе биде затекнато да работи спротивно на законот, како и во случајот кога невработеното лице одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до поповолните промени, во 2004 година рокот во кој лицата 6.  Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од 2004 година Заводот за вработување е преименуван во Агенција за вработување (чл. 23). 77 кои остваруваат само право на здравствена заштита се должни да се јавуваат во Агенцијата за вработување е продолжен од 30 на 60 дена (чл. 7, ЗИДЗВОСН/04), а во 2005 година повторното пријавување во Агенцијата за вработување по настанато бришење од евиденцијата на невработените лица поради неоправдано непријавување во пропишаниот рок стана можно по истекот на една, наместо на две години (чл. 1, ЗИДЗВОСН/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
9 Јавни работи Во врска со ангажирањето на невработените лица при изведувањето на јавни работи погоре веќе беше спомнато дека одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи доведува до престанок на водењето евиденција за дотичното невработеното лице и негово бришење од евиденцијата на невработените лица, при што тоа може повторно да се пријави во Агенцијата за вработување по истекот на една година (чл. 9 и 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промени има и кај одредбите што се однесуваат на бришењето од евиденцијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Најпрво, и покрај уредното пријавување на случајот кај јавниот обвинител да ја преземе кривичната постапка, тие беа одбиени односно, со писмен акт III РО бр. 228/08, во мај 2008 беа известени дека надлежниот основен јавен обвинител (Д.Михајловска) нема да покрене кривична постапка со образложение дека „не постои основано сомнение дека се работи за сторено кривично дело“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Привилегиите и посебните погодности за вложување и стопанисување на странски лица се определуваат со закон (чл. 31, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Закупецот му гарантира на закуподавецот дека подзакупецот ќе го употребува предметот според договорот за закуп (чл. 589, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
МВР води евиденција за издадените потерници. Податоците за лицата против кои е издадена потерница се бришат од евиденција кога потерницата ќе се отповика (чл. 559, ст.1-2 и ст.5-6 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако се спроведе стечај или ликвидација на ТД – по завршувањето на стечајната, односно на ликвидационата постапка, странското лице има право да си го врати назад внесениот непаричен влог под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)