од (предл.) - крај (имн.)

5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кој ја дочитал сета од крај в крај? И ако ја дочитал, кој е тој да памети на средината сѐ што се рекло во почетокот, и на крајот - сѐ што пишува во средината?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
90. Мисирков зборува за „возродување”, „пробудување“, „собудување“ и сл. како процес во Македонија што поинтензивно се развивал од крајот на 80-тите години на минатиот век, но кој не само што траел, туку почнал и уште посилно да се распалува во 1903 год. особено по Востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преврската крвави. Од крајот на устата тече поројче крв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Проблемот што да се прави со вишокот потрошни добра беше латентен во индустриското општество уште од крајот на деветнаесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Берлин, се чини, нема ниту крај, ниту почеток, се протегнал од крајот на светот, или до оние ѕидишта кај „Бранденбуршката капија“, односно од „Рајхстагот“, каде што е поставена вештачката граница на градот, каде што се пресечени неговите животни артерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите тргнуваат од почетокот, а јас од крајот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она што беше најживо зад шанкот, шанкерката, која како сновалка се сновеше од крај на крај долж внатрешноста на шанкот, Едо како да ја забележа најпосле.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По „градски“ го л’штеше подот, го мачкаше со маст, го покриваше со теписон од крај до крај, а по „селски“ пушташе черга по дијагонала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потем го симна прстенот од својата рака и му го подаде на Филозофот: „На прстенот има запис со сосема ино писмо, донесено од крајот на земјата; прстенот е во воен грабеж стекнат, од прадедото на мојот прадедо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од краевите на устата му се слеваше маст, брадата му светеше измастена, но Бојан немаше време да се брише.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почнуваме со „тазе дијаспората“ која го опфаќа периодот од крајот на деведесетите па до денес.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Другата недела ми остави две книги. Од крај до крај ги читам, речиси напамет ги учам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се смири малку пукањето, кога се уталожи, што ќе видиме: озгора нѐ напокриле лисја и гранчиња што ги кинеле куршумите. Од крај в крај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А таа спужена бразда, таа ораница во снегот, што можеше да биде здогледана уште од далеку како ја сече неоскверната бела зараменетост на снегот од крај в крај по самата средина на долината можеше да биде само една сомнителна дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пенчо се понаведна кон мене; забавувајќи ги чекорите се насмевна од краевите на немирните очи. Црвено ме гледаше, црно говореше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговите исчезнувања се објаснуваат на стотици начини, трансформирани во фолклор, успивни приказни, суеверија...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Ѓорѓија ќе почнеше некоја тема, таа си пивнуваше од чајчето и го гледаше немо од крајот на тркалезните очила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Виножито, на солзите дождовни распрскување маглина од дожд и сонце, и пурпурна пајажина на небото што се влече од крај до крај, возбуда, среќа, во овој неспокоен крај.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во овие клучни периоди од балканската, но и од европската историја, од крајот на Првата и на почетокот од Втората светска војна, на Балканот и во Европа, Мајка ги имаше и своите најрадосни мигови во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Им го гледам само тилот, Ама, одејќи така, еден од крајот на редот се сопна и, паѓајќи ме погледна право в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)