Не беше задоволен. Го извади камчето од кутијата, ја испразни матарката и го спушти камчето во матарката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„По колку давате?“ го праша братучедот. „Стандардно, по десет посто секој месец“, рече овој, отпивајќи од чашата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие двајцата запалија „марлборо“ од кутијата што човекот со костумот и со лузната ја извади од внатрешниот џеб на сакото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Интересна забелешка, но ако одамна си им рекол чао на чоколадите, тогаш што ти останува од кутијата? Кутијата ли!?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Точно во дванаесет кутијата што беше обесена на една од гранките на врбата почнуваше да трешти, да кркори, да ѕвечка и веднаш потоа, чиниш низ карпи, ридје, шуми, бури и ветришта се провлекуваше и мачно излегуваше од кутијата мелодијата на „Емброс ЕЛАС ја тин Елада“.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гласот од кутијата врстеше дека час, ден и ноќ, секаде победуваше Демократската армија на Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мони извади од кутијата за леб едно меснато, дебело парче бел леб што ѝ го имаше подготвено мајка ѝ за појадок.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Го одвитка од пластичната фолија и го стави врз чинијата што ја чекаше на масата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Минавме низ тревникот, спржен од летните жештини.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ќе пушиме по една“, рече Љупчо; од кутијата извади една цигара, важно ја чкрапна запалката и уште поважно тргаше над пламенчето - цигарата да се запали.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се провревме низ грмушките и поседнавме во круг, небаре сме Индијанци на договор.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)