од (предл.) - куче (имн.)

Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од кучето на комшијата! – му вели и како што му подрече така исчезна лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Долината се исполни со ѕвонеж, блеење, набргу потоа залаја и некое од кучињата, така што сивиот зимски ден вака весело озвучен, стана попријатен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од мртвата овца и од кучето, освен крвавите дамки по снегот, не беше останало ништо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едно време како да збесна. Толку многу го налути некое малечко ама остро кученце, што ќе му ја откинеше раката на Саше од што запна да се ослободи од синџирот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бак постојано застануваше и лаеше, или бесно го оптегнуваше синџирот со намера да ни се оттргне и да му се пушти на некое од кучињата по дворовите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се гади од кучиња кои лаат, живи и мртви. okno.mk | Margina #10 [1995] 83
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)