Вие како источноевропски писател и интелектуалец сигурно дека имате да кажете многу поинтересни нешта од литературата...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Околу 90% од литературата која ви ја нуди образованието е тежок булшит кој е добро разработен и се покажал како успешен со децении уназад во перењето мозоци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Стопаните си прават реклама а пак на посетителите им прави чест да кажат дека биле во кафеаната во која, како гости, престојувале значајни француски личности од литературата, уметноста и политиката...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Алтернативно, посебните излези под овие околности можат да бидат скицирани во рамките на „социјална драма“ која ги структурира промените во животот преку состојбите на стабилност, слом, криза, опоравување и нова стабилност (Turner, 1980).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Преку ова позајмување на структурите од литературата, открив дека ревизијата на мотивот на реактивирањето на алтернативните приказни и знаења е посебно „ослободувачка“ за индивидуата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во Англија тој жанр е составен дел од литературата, и таму не беше тешко да се добие Донат или било кој актер.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Две личности. Убиец - да речеме дека тоа е Џек Мевосек - искрснува зад девојката.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сѐ уште не може да го сака животот помалку од литературата, иако често барал дополнително задоволство во книгите (и читањето) во однос на своето немалку возбудливо секојдневие.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Јас, за жал, не многу следам што ново излегува од литературата!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А можеби професорот и самиот дошол до заклучок дека сознанијата од литературата и не се најсреќни примери за науката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)