И иако сето тоа стануваше сѐ понеподносливо со стареењето на неговото тело, зарем не беше доволен знак дека ова не е природен поредок на нештата ако срцето на човекот му се стега од неудобност, од нечистотија и од недостиг, од бескрајните зими, од лепливоста на чорапите, од лифтовите кои никогаш не работат, од студената вода, од лутиот сапун, од цигарите што се истресуваат, од храната со нејзиниот необичен, гаден вкус ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Знаеш што, Молња? - дофрли Абраш пред да ја затвори вратата од лифот, - можеби и не е толку одвратно да се има родители...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поради здравјето, ми вели додека ја затворам вратата од лифтот, а потоа, на патот нагоре, таа започнува со кажувањето на првата приказна во текот на оваа посета и веќе е некаде кај описот на канцеларијата на адвокатот Сечков, додека јас сѐ уште ја затворам вратата од двата куфера во рацете.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)