Ќе ги удрат, вели, и после се растуркуваат кој да го земе срцето од лубеницата, кој да го земе попот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Истркалани канти со маслинки, истурено маслиново масло, смокви и портокали, слатко од лубеници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Утредента пред пладне, кога Јанкуло се лизна на влажна семка од лубеница и си ја скрши ногата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тогаш ибн Пајко, зелен во лицето како корките од лубеница расфрлани во саанот до Мехмед-паша, се премести полека од нога на нога, и рече:
„Ако е така, да не правиме повеќе муабет за ова, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зелената кора од лубеницата крцкаше под сечивото на ножот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
КРКАЧ - Хорор пр.: Еден крмнак мирно си кркал кори од лубеници, додека него самиот го кркале крлежи, што и не е најважно. Во еден момент кројачот Дејви Крокет му дошол на крмнакот и му го кркнал ножот. Свињата почнала да кркори, и толку.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)