од (предл.) - лутина (имн.)

Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се закашла кметот вцрвувајќи го лицето од лутина: - Скот!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И зовреа од лутина кога видоа крај оградата прострелано куче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но многупати знае и да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“ - замавнувајќи со стап и со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Леле, мајко ти мила, шо се праве ал со вакви заспани луѓе, бре! — Разгневено заврши Толе, сиот осинет од лутина. Не го јадосуваа толку продавачите и купувачите, колку заспаноста на луѓето што живееја околу него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Па од лутина го кине јажето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ах, така! - процеди татенцето, го грабна она дрво и нем од лутина се упати кон Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наместо да се истури врз него, зашто ибн Тајко претпоставуваше дека нему душата му гори од лутина поради онаа распеана раја долу, бегот сѐ уште покажуваше повеќе некаква необјаснива загриженост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ти, од лутина, не си го сфатила тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Поголем срам и понижување за нашата куќа не може да има - викаше татко му на Хелвиг, задишувајки се од лутина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од лутина, започна Тане да ја бие за да ја смири, но не помагаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Се здржува макар што врие од лутина).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Анко не можеше да издржи: пламна од лутина, се избезуми.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Помина првиот, десетиот, наближува последниот и остава прав зад себе. Оѕверен е од лутина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Пак за тоа? ТОМЧЕ: За тоа... ТЕОДОС: Нема повеќе зборување за тоа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Миник: од лутина или од итрина не расте: ситен, а врескаџија: уште не гибнат, не удрен, вреска.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
До никаде не гледаат од лутина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го криви лицето од лутина и бара помош од некаде, којзнае од каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме пржат очите од лутина, целата сум подлутена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ќе вријам од лутина, а тој пак исто: Ти си убаво чупе, но улаво чупиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)