Во случај да беше откриен од мајмун, ноелемакот мимикрично се претвораше во тигар.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти која
од јарецот и бикот
Ти која
од ракот и рибата
Ти која
од лавот и сонцето
од орелот и змијата
од мајмунот и мачката
од кругот и крстот
правиш митос
правиш поезис
правиш космос!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)