Се разбира, ништо не ѝ реков на Луција, оти не можев да верувам дека поважна ѝ е партијата која ѝ пишува говори и карактеристики, од младич кој ѝ пишува песни, како на жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некој му најде и тој пак нешто рече, но освен константното дување во моето уво „ајде да одиме надвор“ од Младичот кој ги мие рацете, не можев многу да разберам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)