Не заборави, миличка по секоја несреќа среќата заблескотнува како шарена престилка од мугра!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кршиме камен, лежиме на камен, дишеме камен. Од мугри до мрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Вака стуткан и модар од муграта, не носеше со себе ни страв ни доверба. Како да не беше тој.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога ќе стиснеме чекан в рака и кога ќе влеземе во пештерине, слушаш, престанува нашата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледаше како денот полека се излачува од муграта. Му дојде в глава помислата дека долго не бил во синагога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)