- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Обземени, затруени од надежта оти ќе владеат (слично како и тираните), ќе се почувствуваат одговорни за скорешната иднина во која го присилуваат сето битие да владее, да доминира, да убива, за да ја одржи невозможната надеж.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ќе се доближеа туните крај мрежите, морнарите- ловци, матанѕистите ги обземаше необјаснива грозница. Ги шепотеа во себе зборовите - матанѕа, матанѕа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лицата им зрачеа од надежта, таа и така е сечија поткрепа, и на силни, и на слаби, си рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не исправајќи се, избезумен од надеж дека го дочекал мигот во кој ќе се прости од маките, голиот поп без двоумење покажа со рака кон домаќинот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бегот со гнасење се потргна од квичавото старче со крваво лице и сепак, во двоумење дали да го удри или да го заборави, го праша нешто на турски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со стравот потпотиснат од надежта што ми ја врати изворот вода долу, јас се исправив целиот, со сета височина, и во летната вечер, следен од мирисите на тревите и од болскањето на светулките, се вратив во собата кај мојата машина за пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)