од (предл.) - непријател (имн.)

Во секој случај, пред да ја реши таа дилема, Баге посегна по трненките и тогаш откри дека тие му се достапни само затоа што трновите го штителе од непријателите однадвор а не и од непријателите однатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пријателите и така повеќе кажуваат за една личност од непријателите, кои, и без поголема причина, се поведуваат најчесто од потребите на самата омраза, не од објектот и личноста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во умот на Водачот проблесна генијот, целата земја ќе ја претвори во бункер со трудот на целиот народ кој ќе се брани самиот од непријателите!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас не сакав да се вратам, бев забележана од непријателот и ако ме ранеа немаше кој да ми помогне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)