Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие паметеа милиони бескорисни работи, некоја кавга со колега, потрага по загубена пумпа за велосипеди, изразот на лицето на некоја одамна умрена сестра, виорот од прав во некое ветровито утро од пред седумдесет години: но сите важни факти беа надвор од нивното сеќавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го зеде шејот со големо внимание и почит, како во рацете да зема нешто најкршливо или направено од прав.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Земјата растлеана жива пуза, отворена гладна уста со стрми суводолици, со реки од прав и пепел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Танката мрежа од прав што ја сплете сушата врз разлистените лисја беше измиена и лисјата светкаа како да се свежо лакирани.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не можам да дишам од прав! (Кашла.) А, Арсене, Арсене!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Сиот беше извалкан, правлив, па излезе пред колибата и на наједноставен, и најпогоден начин, валкајќи се целиот низ снегот, си ја исчисти облеката од правот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тревата насекаде е прегорена, грмушките извалкани од правта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме погледа со мртов поглед. „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”. „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”. „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе речат: си поминал одовде со иста трема пред да зачекориш по тенките скалила кон последниот прозорец (а сакаше само срцата на луѓето да ги ископаш од правта и да ги кажеш нивните тајни)***
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги отворија прозорците, вратите, па со метла го изметоа подот на стариот вагон, со крпа ги избришаа клупите од правот, пластен на нив со години, го проветрија убаво, па послаа на две клупи две чергичиња и легнаа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ги креваат од земјата и ги тресат, примижуваат од правта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го креваат месото од правта и само се борат, се растргнуваат. Се дават.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)